Во Мала Преспа почина Спасе Вурмо, Македонски активист во Албанија

0
216

Денеска, во шеесет и шестата година од животот во с.Туминец, Мала Преспа почина Спасе Вурмо, Македонски активист во Албанија, напиша на својот ФБ профил Васил Стејровски.

Во објавата Стејровски додава:
Спасе беше долгогодишен активист за правата на Македонците во Албанија. Од самото формирање беше член на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа” како и на партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Спасе беше почитувана личност во Преспа и даде голем придонес во афирмација на Македонците во Албанија.
Погребот ќе биди утре во 12.00 часот на селските гробишта во село Туминец, општина Пустец.
Бог нека го прости и нека му подари Царство небесно.

извор: ФВ Васил Стејровски