Во скопски Водовод ќе се штрајкува. Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Водовод и канализација Скопје-ССМ едногласно донесоа одлука за користење на правото на штрајк, а во согласност со Законите.
Сите вработени ќе стапат во штрајк. Штрајкот ќе се спроведе на работните места-со неизвршување на работните обврски-согласно Законите и Колективниот договор.
Согласно со Колективниот договор за комунални дејности, во деновите на штрајк вработените се исплатени 100% од нивниот надоместок за работа.
Се уште не е утврден датумот на штрајкот, но според очекувањата тој ќе се реализира доколку во меѓувреме не се надминат проблемите кои настанаа во Водовод, откако таму беше разрешен Златко Перински, а на негово место дојде Митовски.
фото: Архива