Абазовиќ: Дојде странски дипломат и го кажа следново – Она што се подготвува е истото сценарио како и со Ѓинѓиќ

Дритан Абазовиќ во црногорското собрание рече дека целта на неговите непријатели била тој да се криминализира како премиер.

-Дојде странски дипломат и го кажа следново: Она што се подготвува е истото сценарио како и со Ѓинѓиќ. Да, ако нешто ви се случи, никој не вели дека тоа се случило поради борба против криминалот, туку поради поврзаност со криминал- рече Абазовиќ.

Тој посочи дека борбата против шверцот со цигари е беспрекорна и дека ситуацијата со исчезнатиот камион со цигари „била наместена“.

 

извор: Република