(ФОТО) Пецаков: Започнаа активностите за поплочување на пешачката патека што води кон ОУ „Св. Климент Охридски“ непосредно над Горна порта

Започнаа активностите за поплочување на пешачката патека што води кон ОУ „Св. Климент Охридски“ непосредно над Горна порта. Поплочувањето се врши со камени плочки автентични за Стариот дел на градот. Должината на патеката е 45 метри.
После завршувањето на активностите Охриѓани и туристите добиваат уште една пешачка патека во Стариот дел градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Активностите се во рамки на договорот за уредување и поплочување на пристапни пешачки патеки и улички на територија на Општина Охрид. Вредноста на договорот изнесува 2 400 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков