Плусинфо: Продолжува агонијата во ЈСП, возачите возат со распукани гуми

0
185

Хаосот во Јавното сообраќајно претпријатие никако да стивне откако минатата недела Градот за првпат остана без јавен превоз. Сега во прашање е безбедноста на патниците, бидејќи автобусите по скопските улици се возат со распукани гуми, иако заврше тендерот за набавка на пневматиците, но нив сѐ уште ги нема во сервисите на ЈСП.

Плусинфо разговараше со неколку вработени во ЈСП Скопје кои велат дека поради проблеми со гумите, намален е бројот на автобуси кои циркулираат низ градот, затоа што оние кои не можат да се сервисираат се оставени на „трупци“ и чекаат да добија нови гуми за да може повторно да бидат пуштени во сообраќај.

– Едната гума на автобусот кој го возам има распукана гума, па поради тоа отидов до сервис да ја сменам. Кога пристигнав таму, им кажав на сервисерите за проблемот, а тие ми одговорија: „Нема проблем, бирај која сакаш гума, оваа или оваа“ и притоа ми покажаа со прст кон празно место каде што немаше ниту еден пневматик. Им реков: „Луѓе што е работата, па немаме ниту една гума. Што ќе правиме? Распукана е целата гума. Не дај боже ќе направиме беља“, а тие само ги креваат рамениците – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.

Тој претпоставува дека најверојатно се доцнело со тендерот за набавка на нови гуми што го распишал ЈСП, па додека не пристигне новата пратка, нашиот соговорник вели дека ќе продолжи да вози со распукана гума, ризикувајќи го сопствениот живот и животот на патниците кои ги превезува.

Текстот во целост на: Плусинфо