Остварив средба со Јован Стојоски, атлетичар на атлетичарскиот клуб „Охрид“. Јован Стојоски до сега има освоено десетина медали на престижни натпреварувања и митинзи.
На средбата разговаравме за неговите успеси, учеството на Олимписките игри во Токио и за претстојните натпревари.
Поддршката што му ја дава Локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, сѐ со цел постигнување уште поголеми резултати, пишува во својата објава на Фб градоначалникот Кирил Пецаков.