Ердоган на средбата со Столтенберг: „За Грција би било добро да се однесува разумно и да се вклучи во дијалогот“

0
218

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во текот на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека Туркије не е таа која ги зголемува тензиите во регионот и дека за Грција би било добро да се однесува разумно и да се вклучи во дијалогот, известува Агенција Анадолија (АА).

Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Туркије информира дека во текот на вчерашната средба меѓу Ердоган и Столтенберг станало збор за војната меѓу Русија и Украина, за агресивното однесување на Грција и тројниот меморандум меѓу Туркије, Финска и Шведска.

На средбата Ердоган рече дека како резултат на дипломатскиот сообраќај што го оствариле на највисоко ниво со Русија и Украина, коридорот за транспорт на жито повторно функционира, и дека во наредниот период ќе се фокусираат на продолжување на договорот.

Ердоган порача дека е неопходно враќање кон преговорите за да може што поскоро да се прекинат судирите меѓу Русија и Украина и да се постигне праведно решение.

Зборувајќи за агресивното однесување на Грција, Ердоган истакна дека „не е Туркије таа која ги зголемува тензиите во регионот и дека за Грција би било добро да се однесува разумно и да се вклучи во дијалогот“.

Претседателот Ердоган рече и дека темпото и времето на процесот за ратификација на трилатералниот меморандум Туркије – Шведска – Финска ќе бидат одредени со чекорите што овие земји треба да ги преземат.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).