На ден 02.11.2022 околу 09.00 часот во атарот на с.Брест, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и Единицата за брзо распоредување при МВР лишиле од слобода повеќе лица од с.Арачиново и од с.Чучер Сандево, поради основан сомнеж за бесправна сеча во атарот на село Брест, Скопско.
Сторителите биле затекнати при вршење на кривично дело бесправна сеча, при што од нив биле одземени, трактор без регистарски таблички, товарно возило марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, натоварено со околу 11 кубни метри огревни дрва, неколку моторни пили и секири.
Во исто време, на место викано „Раштански бачила“, по преземените мерки од страна на полициските службеници се пронајдени три товарни моторни возила и два трактори, натоварени со околу 43 кубни метри огревни дрва.
Одземените предмети биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот е известен Јавен обвинител, а сторителите се задржани во полициска станица и од страна на надлежните органи се поднесени соодветни пријави.
JП Национални шуми