(ЖИВО) „Саем на промените што носат иднина“: ВМРО-ДПМНЕ го одржува првиот политички саем во Македонија

Денеска и утре, ВМРО-ДПМНЕ го одржува првиот политички саем во Македонија, под мотото „Саем на промените што носат иднина“, на кој партијата ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори. Настанот ќе се оддржува во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, а отоврањето е во сабота во 11 часот.

Самиот настан нема да биде класичен отчет туку политички саем каде што ќе се презентира сработеното во секоја општина. Ќе има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица редица други теми.

Се очекува и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и реформските процеси. Воедно, саемот покрај на главната бина ќе се одвива и на шест други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија.

видео: ВМРО ДПМНЕ