Нема договор и на втората средба меѓу Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и претставниците Владата.
На средбата што на 1 ноември немало конкретен предлог од Владата, соопшти по средбата претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.
„Волја има, Владата мисли дека ќе се изнајде решение за овој проблем, но конкретна понуда за нашите барања се уште немаме добиени“, рече Деаноски.
Со месеци вработените во судската и обвинителската администрација штрајкуваат и протестираат, со барање за 78 проценти повисоки плати и враќање на додатоци на плати.
Денаноски вели дека преговорите со Владата ќе продолжат.
„Владата треба да го финализира Предлог Буџетот за следната година и да се види што планира во врска со нашите барања. Ќе видиме што ќе понудат, се надеваме на некоја златна средина, а дали ќе има Владата средства да даде за таа златна средина, не знам“, изјави тој по средбата.
Од Владата, пак, сметаат дека двете страна се блиску до изнаоѓање на взаемно прифатливо решение, па затоа владините претставници го отвориле прашањето за ставање во мирување на штрајкот на вработените во судската и јавно-обвинителската служба. Тоа дополнително би ја поттикнала атмосферата на взаемна соработка и разбирање, се наведува во владиното соопштение.
Првата средба меѓу Владата и УПОЗ се одржа минатата недела.