Студеното време за овој период од годината што не зафати од денес ќе трае подолго време, односно барем според моменталните прогностички материјали со кои располагаме до самиот крај на овој месец, а може и подолго.
До крајот на денов, особено во западните предели ќе има нови повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Под влијание на нов поголем влажен бран од запад, нови обилни врнежи од дожд на повеќе места ќе има за време на викендот, и тоа особено во недела. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, со што ќе се формира и снежна покривка. Понекаде снежната покривка ќе биде со висина од 10 до 20 cм, а може и поголема.
До недела навечер локално ќе наврне позначително количество на воден талог (односно нови над 25 л/м2 воден талог). Исто така за време на викендот ќе биде и уште постудено, па така температурите понекаде и ќе останат дури и под 10 степени преку ден, стои во најновата најава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.