Судски совет на итна седница го одзеде имунитетот и одобри притворот за судијата Наке Георгиев

Судскиот совет на вечерашната итна седница Судски совет го одзеде имунитетот и одобри притворот за судијата Наке ГеоргиевСудски совет го одзеде имунитетот и одобри притворот за судијата Наке Георгиев одлучи да му го одземе имунитетот на судијата на Врховниот суд Наке Георгиев и да ја одобри мерката притвор, објави ТВ 21.

„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.

Сомнежот е дека судијата Георгиев ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен, овој пат за шверц на марихуана. Уапсениот судија доспеа во јавноста во јули минатата година кога на седницата на Судскиот совет се бираше неговиот син за судија, кривичар во Скопје 1, Георгиев поднесе оставка од член на Судскиот совет. Синот Кирил Георгиев беше еден од 25-мина нови судии кои на седница беа избрани по отворените огласи за основни судови во неколку градови во земјава.

Претреси ноќва се прават на повеќе локации, како и Врховниот суд, канцеларијата која ја користел.

извор: ТВ 21