Во вселената е откриена црна дупка која е на оддалеченост од само 1600 светлосни години од Земјата

0
275

Новооткриената црна дупка, која е поблиску до Земјата од сите досега познати слични феномени, е десетпати поголема од Сонцето. Таа е на оддалеченост од 1600 светлосни години, односно трипати е поблиску од црната дупка за која досега се сметаше дека е на најмала оддалеченост од Земјата, соопшти Карим Ел-Бадри од харвардскиот Центар за астрофизика Смитсониан.

Црната дупка прво беше забележана од евриопската вселенска сонда „Гаја“, изјави Ел-Бадри. Неговиот тим ја следел трагата преку Меѓународната опсерваторија Гемини на Хаваите и ги потврдил резултатите добиени од сондата.

Црната дупка е откриена преку движењата на нејзината придружна ѕвезда. Таа кружи околу црната дупка на отприлика иста оддалеченост како Земјата од Сонцето. За научниците сѐ уште не е јасно како системот се формирал во Млечниот пат. Тој го доби името Гаја БХ1 и се наоѓа во ѕвездената констелација Офиухус (змијоносец, н.з.).

 

 

Дојче Веле