Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Јавните обвинители на непосредни избори донесоа одлука за наследникот на суспендираната шефица Вилма Русковска. Од вкупно 160 обвинители – 66 гласаа за Абази, додека неговиот противкандидат Ермон Незири доби 64 гласови од своите колеги обвинители, објави DW.
Јавните обвинители на гласачкото ливче можеа да изберат меѓу четворица кандидати – Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска.
Таа денеска порача дека ако победи ќе продолжи каде што застанала, а ако ги изгуби изборите ќе го признае поразот. „Правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост“, изјави Русковска.