Кичевчанка починала откако врз неа се срушила таванска конструкција

Вчера во 13.40 часот во ОВР Кичево пријавено е дека во куќа на улицата „Љубица Богеска” во Кичево врз С.И.(66) од Кичево паднала таванска конструкција, по што таа починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција, информираат од МВР.

извор: МВР