392 Византискиот цар Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија.
1620 Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светото Римско Царство.
1793 Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј.
1889 Монтана станала 41-ва држава на САД.
1895 Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил икс-зраците.
1932 Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД.
1941 Основана е Комунистичката партија на Албанија.
1944 НОВ: Ослободени се Штип, Неготино и Струга.
1960 Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД.
1977 Грчкиот археолог Манолис Андроникос тврди дека го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш, Берско, Егејска Македонија.
1995 Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1995 Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.
2016 Доналд Трамп е избран за претседател на САД.