Кој ќе ја има контролата во Конгресот во САД? Американците денеска избираат нови членови на Конгресот

0
247

Американците денеска избираат нови членови на Конгресот, односно целиот состав на Претставничкиот дом и третина од членовите Сенатот на меѓуизбори избори, кои се наречени така затоа што се одржуваат секои четири години во ноември, на половина од мандатот на Претседателот на државата, објави 24info.mk.

Според Би-Би-Си, овие избори претставуваат и своевиден референдум за актуелната администрација на претседателот Џо Бајден, која се соочува со бројни предизвици во време на голема поларизација на американското општество.

На овогодишните избори, Американците гласаат за сите 435 места во Претставничкиот дом, 35 од 100 места во Сенатот и 36 од 50 државни гувернери, како и бројни други локални функции и гласање за одредени локални прашања.

Анкетите покажуваат дека републиканците се во предност кога станува збор за Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, додека изборот на членови на Сенатот ќе биде понеизвесен, пишува Би-Би-Си.

Одлуката за тоа кој ќе го контролира Сенатот во следните четири години најверојатно ќе ја донесат гласачите во Пенсилванија, Џорџија и Невада.

Постои можност на конгресните избори републиканците да го вратат мнозинството во Претставничкиот дом на Конгресот, бидејќи играат на економската карта – тема што во моментов најмногу ги фрустрира гласачите, јавува Гласот на Америка. Демократите, од друга страна, својата кампања ја засноваа на прашања како што е абортусот, кои се во центарот на вниманието откако Врховниот суд летоска ја укина универзалната заштита на правото да се прекине бременоста.

Текстот во целост на: 24info.mk

фото: ITV Hub