Францускиот EDF откри радиоактивно протекување на примарното ладно коло во нуклеарната централа “Чиво” минатата среда, се вели во соопштението на претпријатието, додавајќи дека не постои безбедносен ризик.
Протекувањето се случило во реакторот 1 на електричната централа Civaux, но не била измерена радиоактивност надвор од неа.
Настанот би можел да го одложи повторното отпочнување на реакторот планиран за 8-ми јануари, вели извор запознаен со ситуацијата за Ројтерс.
Нуклеарната централа се наоѓа на околу 40 километри југоисточно од Поатје, град во западна Франција.