1675 Готфрид Лајбниц за првпат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн.
1855 Токио го зафатил катастрофален земјотрес во кој загинале 106.000 луѓе.
1887 Погубени се анархистите – Хејмаркетски маченици: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел.
1889 Вашингтон е примен како 42 сојузна држава на САД.
1918 Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава.
1943 Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада. Таа била формирана од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето, бригадата имала 700 борци и го добила називот ударна.
1944 Втора светска војна: Ослободено е Куманово.
1944 Во центарот на Гостивар албанските балисти стрелале шестмина македонски приврзаници на народно-ослободителното движење: Киро Ристовски – Дрнц, Васил Пејчиновски, Баренко Георгиевски, Изре Зафировски, Сократ Павловски и Павле Петрески.
1963 Во Скопје излегол првиот број на дневниот весник „Вечер“.
1965 Белото малцинство ја прогласило Родезија за независна држава.
1973 На 101-от километар на патот Каиро – Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално завршиле воените операции во „Октомвриската војна“ на Блискиот Исток.
1990 Во Социјалистичка Република Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори.
1995 Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет Република Македонија да биде 27. потписничка на програмата „Партнерство за мир“.
2006 Во Малме, Шведска, е востоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.