(ВИДЕО) Во Србија шета црн пантер – властите со апел: Предаторот е крајно опасен

„Јавната компанија Војводина шуми Петроварадин, Шумска управа Апатин, ги известува сите сограѓани дека е забележан црн пантер (леопард) во которот на Општина Апатин. Предаторот е исклучително опасен и на овој начин апелираме до граѓаните да бидат претпазливи за себе и своите најблиски. Ако некој го забележи црниот пантер, треба веднаш да ја извести надлежната полициска станица“, се наведува во соопштението.

Петар Сладиќ, жител на селото Сонта кој го забележал животното од семејството мачки, за новосадски Дневник кажал дека не му е сеедно: „Јас и моите деца често се возиме со велосипеди во околината, по шумата и по полињата“. Вели дека во разговор со еден од тамошните ловци потврдил дека станува збор токму за овој вид.

„Со термален двоглед, кој дава нешто изменета слика, овој ловец го видел животното кое е далеку поголемо од волк, кој исто го нема на нашите простори, но со многу долга опашка која е карактеристична за овие мачки, така што и тој нема сомнеж дека станува збор, во најмала рака, за животно кое не е од нашите простори“, кажа Сладиќ.

Црниот пантер е најчесто леопард или понекогаш јагуар, чие крзно е со црна боја. Црните пантери не се посебен вид, туку станува збор за појава која се вика меланизам.

видео: you tube Fekete párduc?