(ВИДЕО) Девојка со солзи во очите поради отказот кој го добила од „Мета“

Марк Закерберг, основачот на „Фејсбук“, вчера преку писмо се обрати до вработените во „Мета“ и најави 11.000 откази.

Меган Ариел објави видео на ТикТок во кое тврди дека таа е меѓу луѓето кои добиле отказ од оваа компанија.

„Помина околу еден час откако дознав дека сум отпуштена од „Мета“. Дел сум од 11-те илјади вработени кои се отпуштени. Имав чувство дека ќе дојде до тоа затоа што бев во тимот за вработување и таму беа направени најголемите удари“, вели Меган на почетокот на видеото кое го објавила вчера.

„Вчера мислев „што ќе се случи, ќе се случи“, но денеска откако го добив мејлот, станав многу емотивна и знам дека тоа е нормално. Ова беше буквално мојата работа од соништата. Бев толку горда на себе кога ја добив и сè уште сум горда“, додала девојката и започнала да плаче.

Меган додала и дека претходно работела во „Мајкрософт“.

„Мислам дека сум добро кога станува збор за моето резиме, само тајмингот е лош во економијата. Никогаш не помислував дека ќе можам да работам во компанија како оваа“.

Таа додала дека е свесна дека ја чекаат прекрасни нешта во животот, но поради отказот станала многу емотивна. Меган им посакала среќа на сите, ако поминуваат низ истото, и верува дека сите ќе ја пребродат оваа ситуација.

@meganarielll After days of waiting, today I got laid off. #techlayoffs #metalayoff #nontechnicalintech #jobless #funemployed ♬ original sound – Megan Ariel

 

supermen.tocka.com.mk