Украдени икони од Струга и Дебар ќе бидат вратени назад

0
302

21 вредна икона украдени од црквите во Струга и Дебар, по 9 години се очекува да бидат вратени во Северна Македонија. Тие беа пронајдени од полицијата на Албанија во 2013 година. Станува збор за културно и историско богатство кое македонските власти се обидуваат да си го вратат назад. Иконите се чуваат во два музеја во Тирана.

Државата започна втора процедура за враќање на 40 украдени икони од земјава, кои албанската полиција во април годинава ги заплени во Тирана, меѓу кои и 800 црковни предмети.

21 вредни икони се украдени од црквите во струшките села Радожда, Буринец и Селце.

Инаку, над 1.000 икони и црковни артефакти се украдени од струшко и дебарско. Пронајдени се само 60-тина, а останатите се претпоставува дека завршиле на црните пазари во Европа и Азија.

 

tv21