Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека во експлозијата во истанбулската улица Истиклал загинале шест, а повредени се 53 лица.
„Нашиот народ нека биде сигурен дека одговорните за настанот на улицата Истиклал ќе бидат адекватно казнети“. порача Ердоган.
„Упатувам молитви за браќата кои загинаа во бомбашкиот напад на улицата Истиклал, што се случи денес во 16:20 часот, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, рече Ердоган.
Тој истакна дека не може да се каже со сигурност дека станува збор за тероризам, но дека првите информации укажуваат дека се чувствува смрдеата на тероризмот.
извор: Агенција Анадолија
фото:Агенција Анадолија