Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски упатија сочуство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.
Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер.
Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, порача Пендаровски.