Костовски: Барам Спасовски итно, брзо и одлучно да ги реши случаите со нападите врз деца од Радишани и Бутел на територија на Чаир во автобус со број 57

ИТНА, БРЗА И ОСТРА РЕАКЦИЈА СО ЗАВРШНИЦА ОД СТРАНА НА МВР ВЕДНАШ !Оставив неколку дена се со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но после вчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57ца, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел враќајкисе дома од центарот на градот, напиша на својот Фб профил со градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Во објавата градоначалникот додава:

Чашата е прелиена, како градоначалник на општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да реши овој проблем, додека не е предоцна.Остро ги осудувам сите кукавички напади врз мирни млади деца кои дома ги воспитуваат дека насилството како опција не постои и треба да се остави во 19сетиот век.Не сакам да верувам дека овие чинови имаат било каква позадина, и затоа велам насилството раѓа насилство и од таму сите надлежни органи ги повикувам да реагираат веднаш !За неколку дена од сега како градоначалник на Бутел ќе организирам тркалезна маса на која ќе бидат повикани челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претавници на загрижените родители, се со цел од блиску да ја следиме ситуацијата и да превенираме додека не е доцна. Доколку е потребно ќе формираме посебно тело за решение на оваа загржувачка ситуација.Следиме будно !

извор: ФБ Дарко Костовски