На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова ги извести советниците и претседавачот, Трајко Славески, дека повеќе нема да биде дел од советничката група на МВРО-ДПМНЕ.
Таа нагласи дека од денеска ќе биде независна советничка, а на тоа доби аплауз од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Нејзината објава следуваше во текот на дискусијата на Советот за фудбалскиот клуб „Вардар“.
-Принципиелно ќе поддржам се што е во интерес на спортот на градот Скопје, но не можам да прифатам лицемерие, двојни аршини. Ја користам оваа можност и прилика, да ве известам дека од денес во рамките на Советот ќе дејствувам како независен советник. Ќе останам доследна на себеси и своите принципи, но не лицемерно и не со блокади – рече Попова.
По нејзиното обраќање, претседавачот Славески ја праша кој останува координатор на независната советничка група, бидејќи веќе има независен советник во Советот, но кога Попова се упати на говорницата, тој и рече дека нема право на збор бидејќи тоа прашање не е тема на дискусија, односно дека ќе чека писмено известување за истото.
skopjeinfo.mk