Велика Британија: Паметни тротоари ја претвораат силата на чекорите во електрична енергија

Телфорд, град во Велика Британија, постави паметни тротоари што генерираат електрична енергија за секој човечки чекор. Оваа енергија може да се користи за бесплатно полнење на телефон, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Советот на Телфорд и Врекин во Шропшир подигна иницијатива за поставување на високотехнолошки тротоар што ќе им овозможи на луѓето да ги полнат мобилните телефони, претворајќи ја силата на чекорите во електрична енергија.

„Екран на соларен погон го прикажува количеството на енергија што се создава при одењето по тротоарот поставен меѓу главната железничка станица и центарот на Телфорд“, објави британскиот весник „Метро“.

Тротоарот од 6 метри е дел од проектот на Советот на Телфорд и Врекин вреден 4 милиони фунти, како дел од мерките за борба против климатските промени.

Каролин Хели, членка на Градскиот одбор, изјави дека овој проект е вреден за создавање на свеста за генерирање на чиста енергија и забавен начин со кој може да се покаже како таа може да се генерира.

 

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).