Првата половина од јули носи временски непогоди и посвежо време

Почитувани мои, екстремно високите температури кои ги имавме во текот на овој месец по се изгледа ќе ги наплатиме со многу посвежо време и со потрпосечни температури на воздухот во месец јули.

Во првата седмица од месец јули на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија температурите ќе бидат многу пониски и под протпросечни. Тоа значи доколку планирате одмор некаде во соседството да го откажете барем одсега гледано во првата половина од јули.

Врнежите и во првата седмица од јули ќе бидат многу чести во регионот и во Македонија. Порад ова очекуваме и нови временски непогоди, а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави.

Во ваква ситуација поради очекуваните ниски температури за месец јули, во Алпскиот регион очекуваме и нови обилни врнежи од снег, а снегот би можел да се појави дури и на највисоките планини во Словенија, пишува во најновиот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk