Народот со СДС страда и живее во немаштија, Македонија втора во Европа по стапката на мизерија.
Индексот на мизерија покажува дека народот во Македонија страда. Ниту две минимални плати не се доволни за да ја покријат потрошувачката кошница. Намирниците кои народот можел до пред една година да ги купи со 500 денари, сега не може, ниту со 1.000 денари, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Мизеријата е резултат на лошите економски политики, високата инфлација, големата невработеност, ниските плати.
СДС нема план како да ја извади Македонија од проблемите во кои тоне народот на економско поле. Затоа се потребни промени.
извор: ВМРО ДПМНЕ