Шпанија даде поддршка за заштита на воздушниот простор на Бугарија

0
360

Шест воени авиони од типот „Јурофајтер тајфун“ при Воздухопловните сили на Шпанија почнаа со давање поддршка за заштита на воздушниот простор на Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Бугарија.

Во соопштението се вели дека работата на шпанските авиони како и тимот од 130 члена во Бугарија ќе трае до 2 декември.

Авионите „Јурофајтер“, кои заедно со пилоти и тим за одржување се привремено стационирани во Бугарија, во првата фаза ќе реализираат набљудувачки летови во Софија, Бургас, Јамбол и Пловдив.

Флотата на Воздухопловните сили на Бугарија, која се состои од околу 15 авиони од типот „Миг-29“, не може да добие одржување поради руско-украинската војна.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).