Фотографирала „мачка-дух“ на Монт Еверест

0
240

Американската фотографка Китија Павловски со својот објектив „уловила“ редок снежен леопард на Монт Еверест. Тој е толку тешко да се види што мештаните го нарекуваат „дух на мачката“.

Таа го фотографирала на планината помеѓу Горак Шеп, базниот камп Еверест и Лобуче. Тој се упати кон Алејата на фантомите, големите ледени врвови што во превод значи „Алеја на фантомите“.

– Тој 9 октомври месечината беше полна и со морничава светлина ги осветли ледените хималајски врвови. Во текот на ноќта, налетови од ситни снежни честички го исполнија воздухот, натопувајќи ја мојата вреќа за спиење со ледена роса. Во 4 сабајле ги облеков чизмите и почнав. Со 25 килограми опрема за фотоапарат, тргнав на североисток од Горак Шеп и го поминав замрзнатото езеро. Снежните планински падини блескаа како да се посипани со дијаманти – го опишала своето патување до точката од која го здогледала снежниот леопард.

-Патував 165 километри пеш за да фотографирам едно од најнедостижните животни во светот – снежниот леопард. Едно жестоко студено утро го следев ледениот раб на процепот, истражувајќи ја долината Хумбу со мојот објектив Nikkor 500mm f/4. На 5486 метри времето беше непредвидливо. За неколку минути, човекот наизменично смрзнуваше или пржеше на сонце. Оваа висина е граница каде што шетаат снежните леопарди; сепак, за да добијам најдобар поглед на долината, морав да се искачам. Замижувајќи низ телефото објективот на мојот фотоапарат, забележав нешто во сенката на планината Пумори. Отпрвин мислев дека е камен, но беше токму тоа што го барав – изјавила Китија.

Таа го фотографираше како оди и седи на врвот на ледениот врв. Нејзиното срце забрзано чукаше. Го заборавила сиот умор додека гледала низ објективот на ова прекрасно животно, опуштено во неговата околина. Таа вели дека тоа била „најтешката серија фотографии што некогаш ја направила“, но и дало најголемо задоволство и среќа.

 

 

24sata.hr