На социјалните мрежи се прошири видео од постар маж кој се обидува да намами девојки во населбата Шпанско во Загреб.
Како што пишува хрватски Индекс од загрепската полиција потврдиле дека станува збор за 81-годишен маж кој е уапсен под сомнение дека се обидел да намами деца за да ги задоволување на сексуални потреби.
На видеото кое го снимила храбрата девојка се слуша како тој ја кани на кафе и колачи, барајќи го бројот на нејзината пријателка.
„Бевте на училиште утрово? Во кое одделение си, осмо одделение? Како си, добро? Кога ќе одиме на пијачка, сок, коктел? Каде е твојота пријателка? Прашај ја дали можеш да ми го дадеш нејзиниот број“, и вели мажот во видеото на девојката, пренесува Index.hr.
На крајот и нуди нешто, таа вели дека не и треба и си оди. Граѓаните го пријавиле во полиција, која го уапсила педофилот.
&
index.hr