(ВИДЕО) Удрил во 22 американски полициски регрути, петмина повредени потешко

0
252

Вкупно 23 лица се повредени, вклучувајќи го и возачот, изјави портпаролката на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Шила Келихер, пренесе АП.

Од преостанатите повредени четворица се здобиле со средно тешки повреди, а 14 полесни, меѓу кои и возачот.

Инцидентот се случил во зори во предградието Витер, каде се наоѓа полициската академија.

„Засега не ја знаеме причината. Немаме никакви информации како возачот изгубил контрола“, рече Келихер.
vesnik.com