(ФОТО) Македонците во Албанија го прославија празникот Ѓурѓовден

Овој празник освен Македонците со православна вероисповед од Мала Преспа, Врбник и Голо Брдо традиционално го прославија и го прославија и Македонците со исламска вероисповед од Голо Брдо и Гора. На Ѓурѓовден во Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се изведуваат многу обичаи сврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај пред зајдисонце кога сите млади и постари одат по ливадите и бавчите каде берат гранчиња /потки/ и цвеќиња, ги носат дома каде ги закитуваат портите, влезната врата на куќата, трлата, плевните, се за здравје и во чест на доаѓањето на Пролетта.

Во Шиштеец, областа Гора младите со народна носија за ЃурѓовденЗа Ѓурѓовден во Мала Преспа, имаше организирани прослави во селата Шулин, Глобочени и Долна Горица. Во областа Гора прослава се организираше во село Шиштавец, каде се одржа и трка со коњи, додека во областа на Голо Брдо, Ѓурѓовден организирано се славеше во село Стеблево.

Според верувањето потките ги штитат куќите од разни опасности а нивите и родот од несреќа. Во некои места еден боз се става пред куќата пред влезната врата и утрото на Ѓурѓовден секој кога ќе стане и излегува надвор стапнува на бозот за здравје.

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во народот познат како Свети Ѓорѓија живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.

Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар. Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашните, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христ, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христ е единствениот Бог!”

Царот наредил Свети Георгиј да биде фрлен во затвор, изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа натчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се’!

Пострадал на 23 април / по нов стил на 6 мај 303 година, кога во негова чест се слави празникот Ѓурѓовден. На иконата Свети Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја, под копитата на коњот. И според легендата Свети Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

Прослава на Ѓурѓовден во село Стеблево, областа Голо Брдо