Градот Лос Анџелес ќе ја има својата прва жена градоначалник, по изборот на Карен Бас, предвидуваа синоќа американските медиуми.
Бас го победи Рик Карузо, милијардер во областа на недвижнини, во трката за наследник на Ерик Гарсети, објавија Ен-Би-Си и Си-Ен-Е.
– Ова е мојот дом, и со целото мое срце јас сум подготвена да служам, напиша Бас на Твитер ветувајќи дека од првиот ден ќе почне со напорна работа.
Кога Бас ја најави својата градоначалничка кампања во септември минатата година, таа рече дека главен приоритет ќе биде справувањето со кризата со бездомниците во Лос Анџелес, вториот најнаселен град во САД.
nezavisen.mk