Големо полициско обезбедување во Атина за одбележувањето на 49-годишнината од студентскиот бунт против хунтата

Над 5.500 полицајци, дронови и хеликоптер, полицајци во цивил, цистерни со топови вода се ангажирани денеска во Атина за безбедноста за одбележувањето на 49-годишнината од студентскиот бунт против хунтата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во вторникот започна тридневната прослава, а ќе кулминира денеска со традиционалниот протестен марш од Политехничкиот факултет, односно од местото каде што започна бунтот во 1973 година, до американската амбасада во Атина.

Протестот е закажан за попладневните часови, а драконските безбедносни мерки, кои предвидуваат и затворање на три метро станици, оваа година се идентични со оние од 2019 година, односно пред пандемијата за да се избегнат било какви инциденти за време на закажаните собири.

 

 

МИА