Се продава луксузниот станбен комплекс на Ивана Трамп во Њујорк, кој цел е „покриен“ со злато. Има дури 17 соби, од кои пет спални и пет бањи. Секоја соба е украсена со злато.
Станбениот комплекс има шест ката. Направен е во далечната 1879 година. Таа го купила во 1992 година, по разводот со екс американскиот претседател Доналд Трамп.
„Мајка ми буквално обожаваше да живее овде“, рекол нејзиниот син Ерик.
Ивана почина во јули годинава откако се повреди при паѓање од скали.
faktor.mk