Кина го претстави концептот на лебдечки воз со магнети

0
297

Кина е земја со супербрзи железнички линии, па неодамна го претстави и концептот на лебдечки воз со магнети, „маглев“, чии вагони левитираат и се движат без струја. Сега следи и „висечкиот воз“ со магнети.

Експерименталната линија на „Црвената железница“, долга 800 метри, е изградена во Округот Ксингуо во јужната кинеска покраина Џијангкси. Новиот воз-маглев ја користи познатата технологија на магнетно лебдење, но за разлика од „вообичаените“ маглеви кои се движат неколку сантиметри шини, овој лебди под структура на челични столбови 10 метри над земјата, поради што го доби и називот „небесен воз“.

Наместо да користи електромагнети со електрична енергија, овој воз лебди под својата шина благодарение на моќните постојани магнети. Овие иновативни магнети направени од ретки метали (тн. „ретка земја“), создаваат постојана сила што може да подигне состав од два мали вагони со 88 патници. Поради тоа што лебди во воздухот, возот се движи без триење и потполно тивко, па му треба многу мала количина електрична енергија за да работи.

Експерименталниот „висечки маглев“ се движи со брзина од околу 80 километри на час. Планот е да се изгради и втора експериментална линија во должина од 7,5 километри, по којашто возот би се движел со брзина од околу 120 километри на час.

tv21.com