За некои медиуми советникот на Левица Славко, стана Раде Шербеџија, Апасиев вели: „Знае Раде кај е силата“

Знае Раде кај е силата, коментира на Фејсбук лидерот на Левица Димитар Апасиев, откако некои портали објавија дека познатиот актер и режисер Раде Шербеџија во друштво на Апасиев присуствувал на отворањето на нова канцеларија на Левица во Ѓорче Петров, објави „Слободен печат“.
Дел медиуми наседнаа на фотографијата која беше објавена од настанот, а на која Апасиев е во друштво на двајца сопартијци од кој едниот многу наликува на Шербеџија.

Шербеџија од фотографијата е всушност Славко, советник на левица во Советот на Општина Карпош, велат од партијата за „Слободен печат“.

извор: „Слободен печат“