Таравари за Фронтлајн.мк: Во власта ќе влеземе само ако нема предвремени избори

0
270

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Фронтлајн.мк кажа дека неговата партија ќе влезе во составот на Владата само доколку се исполнат три услови.

– Еден од трите услови е да нема предвремени парламентарни избори пред 2024 година. Вториот услов е да имаме автономија на институциите кои ќе ги водиме, значи да нема ограничување. И третото е да има динамика, за тоа што ќе се договориме да се применува во пракса, кажа Таравари.