В.д претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека разговарале за европскиот пат на земјава и дека не добиле понуда за влез во Владата. Таравари не ја исклучува можноста Алијанса да стане дел од власта ако добијат понуда, но и дека ќе имаат свои црвени линии за да седнат на „Илинденска“, објави Слободен печат.
-Имавме втора средба со Ковачевски по лидерската средба на 7 ноември. Разговаравме за европскиот пат на земјаца, за борбата против корупција и функционирањето на правната држава, како и за блокираните закони кои се дел од европската агенда. Алијанса ја поддржувала и ќе ја поддржува ЕУ-агендата. Денеска не разговаравме за влез во Владата и не сме добиле понуда.