Полициски службеници од СВР Тетово денеска (18 ноември), по претходно обезбедена судска наредба, извршија претрес во домот на 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино. При претресот, пронајден е кокаин и мини лабораторија во која кокаинот се подготвувал за продажба, три дигитални ваги и рамка со 8 куршуми пиштолска муниција, калибар 7, 62 милиметри. Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава, по што ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.