Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши, Османи вели ако победат против Португалија, тогаш цел тим ќе добие дипломатски пасоши

Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши по брза постапка, а истите попладнево им беа врачени од министерот за Надворешни работи, Бујар Османи.

Двајцата репрезентативци беа најдобри поединци на теренот на „Ренцо Барбера“ и поради тоа сега ќе имаат далеку полесни услови на границите со дипломатските пасоши, додека „мозокот“ на овој голем успех во Италија доби ист третман како Трајковски и Барди.

– Ако фудбалерите победат против Португалија, тогаш цел тим ќе добие дипломатски пасоши, – изјави Османи.