ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста овојпат за функционирањето на Министерството за внатрешни работи. Лага е дека измените на Законот се спротивни на препораките од ГРЕКО, напротив, тие измени се прават токму по добиените препораки. Со измените на Законот се предлага унапредување на интегритетот на вработените во Министерството за внатрешни работи како и на кандидатите за вработување во МВР. Имено, како нов услов за засновање на работен однос е предложено кандидатот да има положено Тест за интегритет, се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
За постојните работници, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување тест за професионален интегритет.
Со измените се предвидува и деполитизација на МВР односно се забранува работник на Министерството да членува во политичка партија, што досега не беше случај.
ВМРО-ДПМНЕ е партија заштитник на криминалот и затоа им пречи што денес полицијата работи ефикасно, професионално и во заштита на законите и затоа оваа партија постојано шири лаги и невистини.
Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и брани криминал, СДСМ гради независни професионални институции кои ефикасно и неселективно се борат против секаков вид криминал и корупција.