Австрија е против пристапувањето на Хрватска, Романија и Бугарија во Шенген зоната, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер, објави австрискиот тиражен весник „Курир“ на својот портал.
По Европскиот парламент оваа недела, Европскиот совет се изјасни за прием на трите членки на Европската Унија во областа каде што се применува Шенгенската конвенција за слободно движење на граѓаните на нејзините држави потписнички, без постојана гранична контрола на државните граници во таа област.
Европските власти во Брисел ги повикаа земјите-членки на ЕУ да им овозможат на овие три членки „полно учество“ во Шенген зоната.
За тоа ќе се гласа во Брисел на 8 декември.
Ако му се верува на австрискиот министер, неговата земја ќе се спротивстави, пренесува Јутарњи.хр
Министерот Карнер е еден од челниците на Народната партија на Австрија (Övp), член на конзервативната Европска народна партија, во која членуваат и Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
360stepeni.mk