Од премногу обврски внукот ќе заборави како изгледа баба Цеца

0
239

Пејачката Цеца Ражнатовиќ откри дека нејзиното семејство најмногу трпи поради секојдневните обврски.

Покрај работата со кандидатите во „Ѕвездите на Гранд, Цеца е посветена и на своите концерти и настапи.

Презафатена е со обврски, а како што откри во „Цеца шоу“ не се сеќава да го видела внукот Жељко.

– Не сум го виделa Жељко, не се сеќавам од кога, детето ќе оди на училиште, ќе заборави како изгледам. Немам време, немам време. Ја снимав „Ѕвездите на Гранда, имав концерти, нон-стоп сум на пат – откри Цеца и додаде:

– Од снимање одам на снимање, па на концерти. Кога имам многу обврски најмногу страдаат моето семејство и пријателите, а исто така многу ми недостигаат – истакна пејачката.

 

 

vesnik.com