(ВИДЕО) Адел исчезна среде концерт во Лас Вегас

Моментално, британската пејачка Адел е целосно посветена на својата серија концерти „Викенди со Адел“ во Лас Вегас.

За време на првиот концерт, којшто се одржа на 18 ноември, пејачката им приреди прекрасна вечер на своите обожаватели, исполнета со одлична музика и многу магија. Да, магија во вистинска смисла на зборот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Имено, присутните во салата останале сосема збунети кога пејачката исчезнала од сцената за време на концертот.

Еден корисник на Твитер сподели снимка од концертот, на која се гледа како пејачката ги крева рацете, пред неа се спушта „завеса“ од розеви конфети и ја снемува од сцената.

 

Нејзините обожаватели се обидуваат да сфатат како Адел успеала толку бргу да исчезне од сцената.

Серијата концерти „Викенди со Адел“ започна на 18 ноември годинава и ќе трае сѐ до 25 март наредната година.