Не смееме да го користиме името „Нови фосили“- проговорија Сања, Маринко и Зец

САЊА, Маринко и Зец, поранешни членови на Нови фосили, потврдија дека повеќе не можат да се претставуваат како Нови фосили. Гостувајќи во емисијата Хепи радио, поранешните членови на бендот имаа само пофални зборови за својот покоен колега.

 

„Ние бевме пет луѓе кои се собравме од различни афинитети за музика, сегменти и милје, но се случи нашите гласови да создадат убава хармонија и посебна боја, а за тоа беше заслужен неисцрпниот талент на Рајко Дујмиќ, кој знаеше да донесе од најдоброто во секој од нас.

 

Тоа можат да го направат само големи познавачи и луѓе кои разбираат музика. Рајко со прекрасни песни одбележа еден голем период од нашите животи и достојно ги изведуваме на концерти до ден-денес“, рече Владимир Кочиш Зец.

„Рајко беше гениј и уметник и човек како Рајко им недостига на сите во регионот, не само во Хрватска. Мое мислење е дека денес има многу извонредни пејачи, продуценти, аранжери, но недостига вистински, автентични , искрени автори како Рајко.Тој беше еден од најголемите“, рече Сања Долежал.

 

index.hr