More

    Полицијата во Охрид и Струга со расипани возила – со месеци не платиле за сервисирање

    Сервисот за поправки на автомобили, со кој МВР имало склучено договор за вршење на вакви услуги на подрачјето на Охрид и Струга повеќе не сака да ги поправа дефектите на службените автомобили на полицијата, затоа што од МВР со месеци немале платено за услугите.

    „Имаме службени возила со кои се оди на терен и во кои нема греење бидејќи е расипано и нема кој да го поправи. Некои од возилата не се повеќе во возна состојба и стојат, некои ги возиме со едно светло, или им работи само еден трепкач ( жмигавец ) – велат за News1.mk вработени во полицијата и прашуваат како ние да казнуваме лица кои учествуваат во сообраќајот со не исправни возила, кога и нашите се распаѓаат.

    Од СВР Охрид, велат дека се ова е во надлежност на МВР.

    Во МВР доцнат и платите, па така дури вчера вработените во МВР ја примиле декемвриската плата и конечно после една недела без здравствено осигурување, сега можат да одат на лекар.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    10.8 ° C
    10.8 °
    10.8 °
    71 %
    0kmh
    20 %
    Mon
    14 °
    Tue
    16 °
    Wed
    15 °
    Thu
    17 °
    Fri
    19 °
    spot_imgspot_img