Пазарните инспектори на терен затекнаа 300 тони грав кои намерно не се пуштени во продажба, но и овошје и зеленчукот по цени двојно повисоки од препорачаните

0
154

Пазарните инспектори и денеска на терен ги проверуваа фирмите кои се бават со увоз и трговија со овошје и зеленчук дали чуваат залихи во магацините, по која се цена ги продаваат продуктите и дали испорачуваат најмалку 70 отсто од количината колку што ги обврзува одлуката на Владата. Се проверуваат и фактурите и сметководствените записи откако се потврди дека фактурите при увоз на овошје и зеленчук биле лажни со пониски цени за да се плати помала царина, објави mk.voanews.com.

Според информациите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во еден од магацините во кои е извршена контрола се најдени залихи од 300 тони грав кои намерно не се пуштени во продажба. Пазарната испекција која од петокот е на терен во посттојани контроли веќе има список од дваесетина фирми кои се осомничени дека ги прекршиле владините одлуки и продавале овошје и зеленчукот по цени повисоки од препорачаните или пак не испорачување најмалку 70 отсто до количината на поридктите која ја испорачувале во изминатите месеци. Откриената залиха на грав не е запленета бидејчи пазарната инспекција нема ингеренции но за компаниите кои ги прекршиле владините Одлуки ќе се издадат казни кои се во висина од 800 до 10.000 евра во засивност од големината на субјектот.

Она што може да се види на пазарите е дека тезгите се полни со сите видови на овошје и зеленчук, вклучително и оние единаесет продукти кои се на владината листа но цени речиси и да не се истакнати. Цените се повисоки од оние кои предвидува Владата, па така денеска доматот на оние тезги каде што го имаше се продаваше двојно поскапо од пропишаните 70 денари од Владата.

Во големите ланци на маркети цените пропишани до Владата се почитуваат но дел од продуктите како домати, краставици и кромид речиси и да ги нема на рафтовите

Царината и Финансиската полиција се на траг на трговците кои со години прикажувале лажи фактури при увоз на овошје и зелечук за да платат што е можно помала сума како царина. Се проверува сметководствената евиденција а податоците треба да бидат доставени и до УЈП за да се процени за колку милиони евра е оштетен Буџетот.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатми Битиќи, најави дека одговорност ќе има за сите но не прецизираше колку време лажни фактури биле доставувани и примани во Царинската управа и кој колку профитирал од тоа.

„Ова е организран начин како се влегува. Царинската управа, Управата за јавни приходи и пазарниот инспекторат конечно да се справат со еден ваков феномен и ако се увиди дека тој е присутен не само на Кванташки туку насекаде во земјава подолг период тогаш инситуциите може да се вратат назад со контролите онолку колку што е потребно. Ќе се гонат сите кои биле учесници во иситот криминал финансиксиот криминал не застарува“, изјави вицепрмиерот Битиќи.

Минатата недела Владата ги замрзна цените на единаесет продукти овошје и зеленчук и ги ограничи максомалните цени по кои може да се продаваат, откако на пазарите и во маркетите овие продукти достигнаа исклучителчно високи продажни цени и граѓаните почнаа дареагираат. Според одлуката на Влада доматите може да се продаваат најмногу за 70 денари за килограм, краставицитеи бананите – 75 денари, кромидот и мандарините – 60 денари, зелените пиперки – 90 денари, гравот – 75 денари а леќата има максимална цена од 110 денари за килограм.

Владата на утрешната седница се очекува да донесе корекција на максималните цени и да ги зголеми.

извор: mk.voanews.com

фото: unsplash.com